ВМРО ДПМНЕ поведе дисциплинска постапка против Арнаудов и Василески

Македонскиот народ мора да остане посплотен во овие тешки моменти, беше речено на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид,

 

Мора да се биде горд бидејќи народот не ја изневери државата. Заканите и уцените не ги издржаа сите.

Вистинските народни избраници кои ја почитуваа волјата на нардот беа против разнебитувањето на државата, но имаше и луѓе кои потклекнаа и се бореа заедно со Зоран Заев и владејачкото мнозинство за да се уништи сe’ она што е македонско.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен дека партијата е против Договорот со Грција и против промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Според тоа на вонредна седница на ОК на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на ИК на партијата донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против членовите Љубен Арнаудов и Сашо Василески заради спротивно постапување на донесените одлуки на највисоките органи на партијата.

Нанесена е огромна штета на ВМРО-ДПМНЕ како партија, како и огромна штета на товар на Република Македонија и македонскиот народ. Гласањето за промена на уставните измени значи дека пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василески се исклучуваат од членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Остануваме на нозе и продолжуваме напред. Вистинскиот Македонец, никогаш не се откажува. Секој си го носи својот крст. Срамот и товарот ќе падне на ненародната власт предводена од Зоран Заев и неговите поддржувачи, додаде Сашо Донев на денешната прес конференција. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани