Советување за производителите на органска храна во Охрид

Советувањето и обука за производство на органска храна ќе се одржи во среда во општина Охрид во 18 часот.

Советувањето и обуката на производителите за производство на органска храна ќе се реализираат во овие три области:
– Земјоделско и овоштарско производство,
– Сточарско производство,
– Пчеларско производство.
Обуките ќе ги одржат стручни лица од Про-Церт КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА ОКС-Македонско сертификациско тело кое е специјализирано за сертификациски услуги во полињата на:
– Органското производство,
– безбедноста на храната,
– примарното земјоделско производство.
Обуката е во рамките на Г1 програмата за локален економски развој на општина Охрид за 2018-та година а целта е да се прикажат мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени во заедничките земјоделски политики на Република Македонија и европските фондови, како и давање на корисни упатства за правилата кои се однесуваат на органското производство, процес на контрола и сертификација на органското производство, согласно законот за органско производство и ЕУ регулативите.

Инаку во Охрид  и регионот многу е мал бројот на производители на органска храна. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани