ВМРО ДПМНЕ: Со градоначалникот Пецаков нема место во Охрид каде што не се работи на нов проект

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со реакција на обвинувањата на СДСМ.

4 години неспособност и неработа на СДСМ не се покриваат со снимени видеа без медиуми!СДСМ откако катастрофално беа поразени поради неработата и неспособноста, без нималку срам објавуваат снимени и смешни видеа.
Зошто се плашите од новинарите и не ги повикувате медиумите?
Аматерски од нивна страна и многу наивно од нивниот портпарол кого го наседнале без да се подготви пред да прочита нарачен текст од нивниот центар за лаги и криминал.
Замислете, по 4 години власт сега споменуваат проекти за кои имаа доволно време да ги реализираат, а не само да ги лажат охриѓани.
Со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков нема место во Охрид каде што не се работи на нов проект, а во голем дел се и завршени.
Во Охрид секојдневно се работи и се решаваат проблемите на граѓаните, нешто што народот не можеше да го види претходно кога СДСМ само ветуваше и ништо не сработи.
Завршен е тендерот за реконструкција на СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” и за ОСУ ,,Св. Климент Охридски” изработени се проекти за внатрешно и надворешно уредување.
За првпат се доделија стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби.
Завршен е проектот за замена на водоводна и канализациона мрежа во ООУ ,,Братство Единство” во населба Лескајца.
Поставена нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“, како и нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“. Во Лескоец се работи на изведба на фекална канализација. Продолжува проектирањето и реализацијата на канализациони и водоводни мрежи.
Реконструкција и саниран оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“ со нов метод.
Завршува реконструкцијата на трите краци на улицата ,,Даме Груев”.
На улицата ,,Климентов универзитет” и во црквата ,,Св. Богородица Перивлепта” се прередија коцките и се реконструираа потпорните ѕидови.
Се реконструира долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште во Билјанини извори.
Поставени фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково”.
Ова се само мал дел од промените коишто се случуваат, но што да се очекува од партиски читач на лаги кој скриен некаде снима и ништо не може да види заедно со криминалните ментори.
Факе е дека за 6 месеци се направи многу повеќе отколку за 4 години кога СДСМ не направи ништо.
Неспособната СДСМ сѐ што вети, ништо не заврши.
Да, единствено беа успешни во криминалното враќање стари долгови и делење камати, во дивоградбите и како синоним за урбана мафија ги уништија плажите и Охрид да е со загрозен статус во УНЕСКО.
Разликата во работа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и охриѓани ја гледаат, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани