Вмро објави дел од кандидатите за градоначалници, за Охрид се уште нема

Вмро Дпмне објави дел од канидатите за градоначалници. Коце Трајановски и официјално е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат во Скопје.

Во неколку општини ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со актуелните градоначалници, и тоа во Прилеп, Демир Капија и  Вевчани. Во Ѓорче Петров кандидат е поранешниот министер Владо Мисајловски. Во Тетово и во Гостивар ВМРО-ДПМНЕ ќе ги кандидира Горан Манојловски и Дафина Стојановска.

За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

За Новаци Лазар Котевски, досегашниот градоначалник.

 

За Радовиш е предложен актуелниот градоначалник Сашко Николов.

 

За Охрид се уште нема официјално кандидат. Во јавноста се вртат неколку имиња. Покрај актуелниот градоначалник, во оптек се Цветко Грозданов, поранешниот директор на Агенцијата за станбено домување, докторот Харалампие  Шокароски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид, Љубен Арнаудов актуелен пратеник од Вмро Дпмне и Цветко Андреески декан на ФТУ Охрид. 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани