ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со обвинувања за автопатот Кичево-Охрид

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска обвини дека СДСМ ќе ја преплати изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

Според него, СДСМ која посочувала дека автопатот е платен прескапо, а проекциите од претходната власт биле дека ќе чини околу 375 милиони евра, сега СДСМ за него ќе потроши дополнителни 187 милиони евра или за половина повеќе од она што беше според проектот проектирано.
Министерот за транспорт и врски од редовите на СДСМ Горан Сугарески, како што наведе Арсовски, во 2017 тврдел дека автопатот ќе чини дополнителни 120 милиони евра. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат каде ќе заврши разликата од 67 милиони евра.
Од СДСМ реагираа дека тогашниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски мислеле само на на провизии. Само заради остварување на криминалните интереси на Груевски и Јанакиески, според СДСМ, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултирале со дополнителни трошоци за негова изградба.
Од владејачката партија посочуваат дека само заради лично богатење бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отвориле независни правосудни органи и се водат судски постапки.

Извор: slobodnaevropa.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани