Внимателно покрај уличните кучиња, некои се агресивни

Постојано пишуваме за проблемот со бездомните кучиња низ градските улици. Некои се мирни и питоми, но има и агресивни. Лаат и напаѓаат кучиња,  но и луѓе. 

Пред два денови агресивна глутница кучиња е забележана кај градската библиотека. Во темницата додека се напаѓале меѓусебно, агресивните кучиња   почнале да лаат и да бркаат две девојчиња. Ова е фотографијата која тие успеаа да ја направат во темницата. 

 

Со години трае  препирката меѓу граѓаните. Едни сакаат кучињата да ги нема од градските улици додека други гласно ги штитат и ги хранат. 

Од друга страна изминативе години сите сме сведоци на низа напади од кучиња. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани