После 20 години Струга ги враќа етничките мешани училишни смени. Во ООУ „Браќа Миладиновци“, каде наставата се учи на три јазици македонски, албански и турски учениците, веќе нема да се делат по етничка припадност.
Мешовити паралелки ќе следат настава во иста смена, а целта е меѓусебно зближување на учениците. Меѓуетничката интеграција на основците е клучот за успешен соживот во мултиетничка Струга, велат од општината.
-За жал во Браќа Миладинвци во главното поголемо училиште во Струга не се учеше во мешан етнички состав поради некои неисполнети услови.Но затоа што Струга е посната како град за соживот, затоа што градоначалникот е познат пос појување на различностите им даваме можност на децата да се запознаат еден со друг , вели Беса Зиба портпарол на општина Струга.
Централното струшко училиште е комплетно реновирано и создадени се услови за ваков вид настава, велат од општината. Предвидени се и заеднички училишни часови, по предметот физичко образование за повеќе дружба и надминување на различностите.
-„Сега се исполнети условите учењето наставата да се довива во мешан состав и тоа на трите јазици што се учат во Браќа Миладиновци. Сега тие деца ќе имаат моност да се запознаат со другите и ќе има подобра резултат во нивното дружење“, додава Зиба.
Во ООУ „Браќа Миладиновци“ учат 1218 ученици, македонци, албанци и турци. Две децении наставата се одвиваше во различни етнички смени. Заедничката настава почнува од почетокот на второто полугодие.Инаку во повеќето струшки училишта образовниот процес се одвива во мешан етнички состав.
Новинар Соња Рилковска
