Во еден ден казнети 71 возач за брзо возење.
На 17.05.2021 година во времето од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се акциски сообраќајни контроли при што, регистрирани и санкционирани се 71 возачи на патнички автомобили кои, во населено и надвор од населено место, ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-13, Струга-22, Кичево-23, Дебар-13). Истовремено, евидентирани се 14 прекршоци сторени од моторциклисти (Охрид-06, Струга-03, Кичево-05). Целта на контролите е зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, инфорира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
