Во еден ден регистрирани два случаи на семејно насилство во Охрид.
Во првиот случај таткот го тепал малолетниот син.
На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид. Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај маж ги тепал сопругата и ќерката.
На 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода И.К.(56) од Охрид кој претходно, во семјниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.