Во еден ден три тепачки во билтенот на Свр Охрид

Полицискиот билтен преполн со нарушувања на јавниот ред и мир.

 

Во три одделни случаи вчера е регистрирани нарушувања.

На 09-08-2021 година во СВР Охрид, приведен е З.Д.(55) од Охрид кој претходно, по нарушен јавен ред и мир на плажа на Охридското езеро, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени мерки. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.08.2021 година во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К.(35) од една и А.Ј.(49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 09.08.2021 година во 13.40 часот, во ОВР Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.П. врз С.И. (40), двајцата од Струга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпарлот на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани