Во Германија пронајдена мртва исчезнатата Mакедонка по потекло од Охрид

25-годишната , Македонка по потекло од Охрид,Наташа Соврановски, која живееше во Германија, и се водеше за исчезната од втори септември е пронајдена мртва.

45-годишен маж е во притвор бидејќи се вели дека ја убил девојката од Бад Теинах-Завелштајн (област Калв), пренесе Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Девојката која била исчезната од почетокот на септември, во понеделникот била пронајдена мртва во шума во близина на нејзиниот дом, соопштија полицијата и јавното обвинителство.

Осомничениот лично ја познавал жената, но не биле дадени дополнителни информации за врската. На барање на јавниот обвинител, судијата на окружниот суд во Тибинген издаде налог за апсење поради сомневање за убиство од небрежност, објавија истражителите.

Пред да се случи немилиот настан, Наташа со партнерот и нивната едногодишна ќерка престојувала во Штутгарт. Веста за нејзиното исчезнување на социјалните групи посветени на дијаспората прв ја објави токму таткото на нејзиното дете, инаку Германец.

Милчо Совраноски, таткото на Наташа кој живее во Охрид, пред десетина дена изјави дека целата работа со објавата на апелот била избрзана. Тој тогаш претпоставуваше дека таа најверојатно заминала по своја воља, бидејќи имала проблеми со партнерот.

Како што раскажа таткото, Наташа била вработена како обезбедување.
Имаше несогласувања со партнерот кој не е вработен, само таа работеше, и мислам дека поради тие несогласувања си заминала. И во минатото кога одела на пример на одмор, се случувало да не ни јави, возрасна е, за нас тоа не е ништо чудно. Тоа што ја оставила ќерката со татко ѝ, може да значи дека заминала некаде да се среди, па потоа сигурно ќе дојде по детето“, изјави Совраноски за „Фокус“ две недели по исчезнувањето на неговата ќерка.

Семејството Совраноски во 2001 година се преселило во Италија, а потоа заминало во Германија. Во меѓувреме, родителите на Наташа се развеле, а мајка ѝ останала да живее во странство.

Полицијата формира специјална комисија наречена „Хирш“ за случајот. Заднината на злосторството и можните мотиви ќе продолжи да се истражува, се вели во соопштението. Од сите кои биле сведоци е побарано да контактираат со полицијата.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани