Во Кардиолошкиот завод отворен симулациски центар

Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар.

Овој центар ќе функционира со цел едукација,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал на сите нивоа во третман на пациентите. Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани. Во Европа годишно 700 000 луѓе страдаат од акутно затајување на работата на срцето,а во Македонија околу 5000 годишно . Само 5-10 % од пристигнатите пациенти во болниците преживуваат. Важноста на Медицинскиот симулациски центар во овој регион очекуваме да го подобри квалитетот на медицински услуги како и свеста за потребата од постоење на еден ваков центар .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани