Во недела богослужба во Света Софија

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. септември 2018 година (недела), во катедралниот храм „Света Софија – Охрид, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој празник.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани