Во недела годишен концерт на студиото за танц „Соната“

„Магија во движење“ е насловена танцовата претстава на студиото за танц „Соната“ со која ќе заокружат уште една успешна танцова сезона.

На годишниот концерт ќе се претстават сите оние кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц и хипхопот и ќе потврдат дека заслужено настапуваат и ги собираат наградите на престижни натпревари во и надвор од земјава.

– И овојпат имаме подготвено иновативни кореографии уникатни костими, со еден збор публиката ќе ужива во магија на сцената придружена со специјални светлосни ефекти и визуелизации, велат од „Соната“.

Годишниот концерт ќе се одржи во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 13:00 часот. Цената на влезниот билет е 200 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани