Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 29 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-01, Струга-10, Кичево-09, Дебар-09).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
