Во Охрид 4 излекувани од корона, во Струга 37

Бројот на оздравени (627) се приближува до бројот на активно болни (742).

 

Од случаите што се водат како оздравени, 140 (22,3%) биле хоспитализирани додека 487 (77,7%) биле на домашно лекување. Најмногу заболени има Скопје, потоа Куманово,  а на трето место Прилеп.

Во Охрид имаше 15 заболени од корона вирус, четири лица се излекувани четири лица ниту еден смртен случај. Во Струга беа регистрирани 66 лица со Ковид 19, од кои 12 починаа , а 37 се оздравени.

Соодветно на ова, најмногу излекувани од ковид-19 досега има во Скопје – 276, наспроти 108 во Куманово. Следува Дебар со 46-мина оздравени и само еден што се уште се води како болен.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани