Корона билтен за период од 05 до 11 септември 2020 година на ЦЈЗ Охрид.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 90 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 29 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 61 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 67 лица и тоа кај 32 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.
– Во овој период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и 1 лице од Дебар.
– Во овој период починати се 8 лица и тоа 4 од општина Охрид, 3 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.
Од почетокот на епидемијата до 11 септември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1268 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 386 лица во општина Охрид и Дебрца, 615 лице во општина Струга и Вевчани и 267 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 314, од Струга се 508, а од Дебар и Центар Жупа се 220 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 15 починати пациенти, од општина Струга се починати 52, а од Дебар и Центар Жупа се починати 13 лица
