Во Охрид 77, во Струга 70 активни случаи

 

Во Охрид повеќе активни случаи на корона вирус од соседна Струга. 

 

Билтен на Центарот за јавно здравје на  За период од 13 до 19 јуни 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 239 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 87 лица, во општина Струга и Вевчани 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 49 лицa.
– Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 0)
– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 37 лица, од општина Струга кај 32 лица, а од општина Дебар кај 6 лица.
– Во Охрид има 47 пациенти на домашно лекување и 4 хоспитализирани, а во Струга 38 пациенти се на домашно лекување и 5 хоспитализирани.
– Активни случаи во Охрид се 77, во Струга 70, а во Дебар 11.
– Оздравени има 1 лице во Струга и 1 лице во Дебар
– Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 2 лица од општина Струга.
– Изминатата седмица е извршено посебно скрининг тестирање на вкупно 197 вработени во детските градинки и тоа во Охрид 50 лица, Струга 70 лица, Вевчани 8 лица и Дебар 69 лица, при што од анализираните материјали лабораториски е дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19 само кај 2 вработени во детска градинка во Струга.
Од почетокот на епидемијата до 19 јуни 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 308 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 96 лица во општина Охрид и Дебрца, 149 лице во општина Струга и Вевчани и 63 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 54, а од Дебар и Центар Жупа се 48 пациенти
-Од општина Охрид и Дебарца има 2 починати пациенти, од општина Струга се починати 25, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,
Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани