Во Охрид се пријавени 38 лица во саоизолација или заболени од корона вирусот, кои денес го остваруваат своето право на глас.
-„Формирани се два посебни одбори со медицински персонал кои одат кај лицата со решенија или заболени од корона вирусот. Дел од пријавените се од градот но има и од селата Велгошти, Рача, Лескоец“, информира Климент Камнароски претседател на ОИК Охрид во изјава за Охриднет.ком.
Денеска гласаат и 55 лица во самоизолација и заболени од корона во општина Струга.
-„Започна гласање утрово, тргна првиот конвој заедно со избирачките одбори и лекари. Сега се подготвува вториот конвој. Од пријавените 12 лица се од градот Струга останатите се од струшките села“, изјави за Охриднет Бледар Зиба претседател на ОИК Струга.