Во Охрид протест на иницијативата „Учебници и настава мора да има“

Нов протест на иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

Вчера попладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид протетираа професори,родители и ученици.  Се вееја пароли „Стоп за укинување на историјата“, „Стоп за термините  Родител1 и родител 2“.

Беа ветувани реформи за подобро образование, но од тоа нема ништо,  вели професорот Наум Јамандиев од Охрид.

„Се туркаат некои реформи кои што избрзано се туркаат на сила преку ноќ, без детални анализи, без барање мислење од стручната фела, од родителите. Ние сме против овие реформи затоа што сметаме дека ке има лоши имликации врз образованието на нашите деца. Јас сум тука и како родител и како наставник“, вели Наум Јамандиев професор.

За издржани реформи потребна е детална  анализа во која ќе биде  вметнато и мислењето на наставниот кадар и на родителите. Од иницијативата „Учебници и настава мора да има“  собираат и потписи за Референдум.

 „Сметам дека имаме право за иднината на нашите деца и ученици да побараме да се запрат овие реформи да се консултира стручната јавност. Не се откажуваме. Само во вчерашниот ден собравме потписи и преку собранието ќе бараме да се оди на Референдум за ова прашање бидејки ова е заеднички интерес за нашите деца и ученици“, додава Јамандиев.

Од граѓанската иницијатва „Учебници и настава мора да има“ , велат не отстапуваат ,  и натаму ќе бараат повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата. Досега преку иницијатвата на социјалната мрежа Фејсбуук собрани се околу 80 000 потписи.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани