Во Охрид средба Груевски-Орбан-Јанша

Денеска во Охрид средба остварија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, премиерот на Унгарија Виктор Орбан и поранешниот премиер на Словенија и лидер на најголемата партија во Словенија (СДП)Јанез Јанша.

На средбата беше присутен и кандидатот за градоначалник на Охрид,Митко Тилевски.Орбан потенцираше дека Никола Груевски е политичар кој пред се, дури и пред себе ги става интересите на својата нација и својата татковина.
Како што нагласи премиерот на Унгарија, „Никола Груевски е политичар кој пред се, дури и пред себе ги става интересите на својата нација и својата татковина“.
-Во Европа има многу мал број на водачи на партии кои и после изгубените избори ја продолжуваат нивната работа и водењето на нивната партија и служат на нивната држава, рече Орбан.Тој ја потврди поддршката на Унгарија за Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ.

фото:Курир.мк

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани