Утре 28,09,2017 ќе се врши порибување на Охридското езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.
– Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание се посветува на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка. На порибувањет ќе присуствува министерот за земјоделие.
Одгледувањето на подмладокот го врши Хидробиолошкиот завод, кој согласно договорот обврзан е да изврши порибување на езерото со 2,5 милиони единки охридска пастрмка.
Експертите од Хидробиолошкиот завод во Охрид тврдат дека и сто илјади едински пастрмка што би преживеале се сосема доволно за природен прираст на тој вид риба, но проблем постои поради неконтролираниот излов на млади риби на албанската страна од езерото.
– Охридското Езеро е и на соседна Албанија. За жал албаснката страна се уште нема закон за рибарство, нема концесионер што би се грижел за рибниот фонд во езерото.
Порибувањето ќе се врши на локациите каде е извршено и собирањето на икрата за вештачки мрест, односно кај Пештани, Трпјеца, Вир кај Охрид, Калишта, Радожда и Струга.