Нема повозвишено чувство од тоа кога знаете дека сте ја оправдале довербата…од тоа дека дадениот збор сте го одржале. Токму ваквата мисла не тера повторно пред вас да застанеме и заеднички со сплотени сили да започнеме уште многу проекти, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Дебарца.
Суштината да се биде градоначалник е во тоа да се биде од еднаквите меѓу вас со таа можност за спроведување и реализирање на потребите од општината. Токму тоа го правевеме изминативе 4 години кога дебрца во секој сегмент се издигна.
Оваа прилика ќе ја искористам да Ве потсетам на дел од досега реализираните проекти од областа на културата:
Реконструиран Културниот дом во село Мешеишта,
Реконструкција на Центарот за Култура во село Лешани
Реконструкција и санација на дел од Културниот Дом во Злести
Реконструкција на Дом во село Издеглавје
Реконструикција и партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта, како и многу други проекти
Денес ќе презентирам проекти од новата Програма од областа култура, која е од витално значење и има особено значајно место во секојдневното функционирање, а тоа се:
Проект: Реконструкција на културниот дом во село Требеништа
Проект: Реконструкција на Домот во село Горенци
Проект: Целосна Реконструкција на културниот дом во село Злести
Проект: Реконструкција на салата за состаноци во општинската зграда во Белчишта
Проект: Реконструкција на постоечки објект стар Интернат во Село Белчишта со пренамена во Етно Музеј и Музеј за ,,Белчишко Блато,,.
Проект: Реконструкција на воденицата во село Велмеј ,,Наисток,, и ставање во заштита како културен споменик.
Проект: Подршка на Интернационалната Ликовната Колонија ,,Дебрца,, Село Белчишта.
Проект: Подршка на Културни Манифестации во Општина Дебрца и др.
Нашите образи се чисти бидејќи макотрпно работевме секојден…со што насекаде имаме подобрување..но потенцирам, тука не застануваме, продолжуваме со уште побрзо темпо, бидејќи изминативе 4 години имавме можност да согледаме што и каде недостига…дел од тие елементи се влезени во програмата…но треба да се знае како и досега така и од сега ќе реализираме проекти и кои не се напишани во самата програма а им се потребни на нашите жители.