Во охридско казино се случила тепачка

Казината се почесто се места каде избиваат тепачки.

Вчера во 09.45 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, со карање, викање и кршење на дел од апаратите, извршено од Ж.Р.(28) од Охрид.
Тој, од работниците на обезбедување Н.С.(37), И.И.(25) и Ц.Ч.(37) сите од Охрид, бил изнесен надвор од објектот каде физички ги нападнал. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани