Ултра популарното шоу “Импровокација“, во петок ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Познатите актери Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Никола Тодороски, Филип Ангеличин – Жура во петок од 21 часот во Националната Установа дом на култура „Григор Прличев“, ќе ја изведат комедијата Импровокација овојпат со поднаслов “Летна шема”.
-Иако температурата надвор моментално е далеку од летна, сепак не се срамите и дојдете во петок со наочари за сонце, гума за пливање, јадранки или бекутан, порачуваат актерите Стрезо,Коле,Кипро,Жура,Чиче.
Картите за шоуто се веќе во продажба во Музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари (200 ден. на денот на шоуто).

