Во пожарот кој од завчера беснее во регионот на Вапила изгореа доводните бандери за Сирула, Расино, Раскрст и Куратица.
Пожарот без струја го остави познатото охридско село Куратица.
Вчера екипите на ЕВН успеале делумно да помогнат, колку веднаш да се добие струја, а деновиве планираат трајно да го решат дефектото, односно да ги заменат изгорените бандери со нови.
Веднаш по дојавата за пожар, интервенирала противпожарната бригада од Охрид. Пожарот е локализиран, но се бара интервенција и противпожарните авиони поади тоа што оган има на непристапни места.
Според мештаните дождот утрово го изгаснал пожарот кој до доцна синоќа беснеел околу Вапила.