Во „Прличев“ отворен час по општество

Учениците од петтите одделенија заедно со учителките: Биљана Иваноска, Валентина Трпческа, Нина Ристеска, Мимоза Трајческа и Радмила Лотеска при ОУ „Григор Прличлев“ Охрид имаа отворен час по општество.

 

На отворениот час на тема: Личноста во групата и општеството гостинка беше д –р Марина Цветаноска. Гостинката, која воедно е и родител на наша ученичка, на интересен начин им ги објасна причините за девијантното однесување, објаснуваше за социјализацијата на личноста и факторите за социјализација.


Учениците со задоволство и поставуваа интересни прашања на докторката, на кои добиваа стручни одговори. Отворениот час беше успешно реализиран, учениците беа поттикнати да да размислуваат на оваа тема од поинаков агол.

Нејзините совети сигурно ќе бидат применети:
 повеќе прошетки во природа,
 возење велосипед, другарување,
 секогаш да бидеме насмеани,
 секогаш да бидеме љубезни,
 одговорни и добронамерни,
 а другарството да биде пред сè…

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани