Од вкупно 260 кандидати за градоначалници за 80 општини во Македонија, на овие локални избори само 15 од нив се жени.
Бројот на жени кои се предложени за градоначалнички според политичките партии, СДСМ има 6 од вкупно 70, ВМРО-ДПМНЕ има 4 од вкупно 64, ДУИ има 1 од вкупно 18 предложени кандидати, Движење Беса има 1 од 20, Левица има една, а на овие избори има и независни кандидатки за градоначалничката позиција.
Независен кандидат за градоначалник во општина Дебарца е Јадранка Бибан. За Охрид, Струга и Вевчани ни на овие ниту на минатите локални избори немаше жена кандидат за градоначалник.
Активистките велат оваа бројка е мала. Треба да се следат европските примери, а политичките партии да имаат еднаков однос и кон мажите и кон жените.
Во 2005 година имавме 3 градоначалнички, во 2009 година немавме ниту една, а во 2013 имавме 4 градоначалнички.