Во шпиц на сезона Охрид полупразен со туристи.
Навидум има гужва но неспоредливо е со минатите години, велат туристичките работници. Двојно помалку работа во угостителските и трговските објекти.
Најбројни се холанганите и турците, но слаб е интересот на домашните туристи и гостите од регионот Србите и Бугарите.
-Реалната слика со патната инфраструктура ја гледаме како граѓани, а истото го гледаат и туристите. Поврзаноста со автопатишта на туристичките центри во други земји ги прави Охрид и Струга помалку атрактивни за соседите, вели Крсте Блажески.
Хотелиерите имаат добра исполнетост со туристи преку субвенционираните тур оператори, но приватните станоиздавачи кубурат со гости.
Туристичките водичи се жалат годинава имаат двојно помалку работа во однос на лани.
Една од причините за намалениот број на туристи се лошатаа патна инфраструктура, Охрид е отсечен. Пет години трае изградбата на автопатот Охрид Кичево и не емрдната од мртва точка.
-Реално, работиме по цела година и години наназад, но нема резултати. Тоа е исто како кога се спремаме за испит учам, учам ама на крај не можам да положам. Тоа се случува со инфраструктурата. Сите учиме заедно. Со политичките партии се критикуваме, даваме пофалби, но на крај го гледаме резултатот, не сме го положиле испитот. Тоа треба да ни послужи како пример за во иднина, посочува Блажески.
Ова лето мал е одзивот и на дијаспората, која традиционално овој период ја посетува родната земја.
Нема гужва и галама по охридските улици. Добрите познавачи велат ова лето имаме викенд туризам.
новинар Соња Рилковска