Во Скребатно поставени сеизмолошки мерни инструменти

Сеизмолошката опсерваторија од Скопје постави дополнителна  опрема во Скребатно.

Новите мерни инструменти треба да ги откријат причините за бројните земјотреси изминатиов период во охридско.

-Очекуваме смирување на тлото. Нема место за паника. Охрид е трусно подрачје. Силни земјотреси со јачина од 5 степени имало и во  1911 година, но имало и земјотреси со јачина од 6 степени, велат сеизмолозите.

Денес надлежните ќе прават обиколка на сите јавни објекти,  болници, детски градинки и училишта да се провери нивната стабилност. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани