Во сообраќајката кај Врбјани, повредени и малолетници

Петмина се повредени, меѓу нив и двајца малолетници.

Синоќа во 19:20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на девијацијата пред селото Врбјани-општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патничките автомобили „Фиат“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.А.(54) од кичевското село Гарани и автомобил „Поло“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ф.(41) од Скопје.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.Х.(39) од селото Гарани-сопатник во возилото „Фиат“ и Е.Е.сопатник во второто возило. Со телесни повреди се здобиле две малолетни лица-сопатници во првото возило, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани