Денес на Конвенција во Струга ВМРО ДПМНЕ ќе избира кандидат за претседател.
На огласот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата се пријавиле 10 кадидати, од кои еден е одбиен поради поднесување на пријавата по завршувањето на рокот.
Во кандидатската трка влегуваат универзитетската професорка Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Манасков (претседател на Стопанската комора за енергетика), Горан Ангелов (поранешен градоначалник на Виница), Илија Димовски, Васко Костов, Никита Шекутковски (универзитетски професор) и Сашо Кутлешовски.
„Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија за Претседателските Избори 2019 година“ ќе се одржи денеска на 16.02.2019 во Домот на културата – Струга.
