Охрид ќе добие Дневен центар за згрижување на децата со посебни потреби. Просторот до Инклузивната игротека Радост ќе се доопремува. Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, годинава се очекува конечно и овие лица да го добијат заслуженото катче. Проектот се реализира со помош на Грант за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид
Носител на проектот е Здружението за воспитно образовна психо-социјална поддршка ВОПС од Охрид.
– „Во моментов во тек се тендерските псотапки за средувањето на просторот до крај на јули некаде треба да заврши првата фаза од проектот за воспоставување на услугата тоа значи опремување на дневниот простор, кој што ни е доделен за дневен центар“, изјави Весна Габелоска
Инклузивната игротека Радост во Охрид работи поеќе од една година, тоа е единственото катче каде децата со церебрална парализа имаат можност за социјализација Нејзиното проширување ќе го олесни секојдневнието на родителите на лицата со посебни потреби. Дневниот центар, ќе биде опремен со ортпоедски помагала и опрема, а во него ќе работат стручни лица за соодтвена нега за децата.
-„Да се лиценцира здружението и понатаму од август месец започнува и втората фаза од проектот давање на услугата, која што со доделениот грант трае една година меѓутоа после тоа се потпишува Управен договор со министерство за труд и социјала ао што министерството го презема финансирањето на Дневниот центар и со тоа конечно ќе се реши овој проблем згрижување на децата со посебни потреби во Охрид, додава Габелоска.
Во септември годинава се очекува свечено отворање на Дневниот центар за згрижување на децата со посебни потреби, кој што ќе се наоѓа во просториите на поранешната касарна во Охрид.
Новинар Соња Рилковска