Во Вевчани отворена трајна поставка „Патување низ природните богатства на Вевчанските извори“

Денес во Мултикултурниот Центар во Вевчани свечено ја отворивме трајната поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори”. Низ оваа поставка   учениците и посетителите во Вевчани ќе имаат можност да се запознаат со природните убавини и вредности на планината Јабланица.

-Благодарност до Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за финансиската поддршка, и Еко-свест Вевчани за реализација на овој проект кој е од големо значење за нашата општина и заштитеното подрачје Вевчански Извори Споменик на природата, вели градоначалникот Спасе Кочоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани