Во тек е санација на опожарениот дел од пазарот во Охрид

Во тек е санација на опожарениот дел од градскиот пазар охрид. Се санираат штетите во затворениот зелен пазар кои настанаа поради пожарот кој избувна во соседниот угостителски објект.

– Се изврши чистење на целиот шут од страна на вработените во пазар, кој настана како последица од пожарот.
Се изврши целосна дезинфекција на просторот. Сопственикот на опожарениот објект, Агрон Речи ни излезе во пресрет со ангажирање на екипа која изврши санирање на зачадените зидови, молерисување и длетување, а донираше и нова влезна врата за објектот.Се врши реконстукција на фасадата на зградата, за што е ангажирана екипа на АД Илинден. Очекуваме во најскоро време Затворениот зелен пазар повторо да се стави во функција и работата на пазарџиите да продолжи непречено да се одвива, информираат од Градски пазар Охрид.

Social profiles