Промовирана книгата “Девојчето со Лавовско срце” на авторките Симона и Драгица Стаменкови

ЈОУ Библиотека “Ванчо Прке” Виница вчеравечер ја промовираше книгата “Девојчето со лавовско срце”.

Со силни емоции и громогласни аплаузи вчеравечер беше промовирана книгата ,,Девојчето со лавовско срце” на авторките Симона и Драгица Стаменкови од Виница.Книгата е посветена на младата прерано почината Симона Стаменкова која се јавува како прв автор а коавтор е нејзината мајка Драгица кое ова дело го издава постхумно во чест на својата ќерка и на десетгодишнината од нејзината смрт. Книгата е создадена од личните белешки, доживувања кои во дневници ги пишувала младата Симона а сега надополнети со записи на нејзината мајка севкупно преточени во несекојдневно,уникатно дело.


Читателите вели Драгица ќе нурнат длабоко во емоциите и неверојатната сила која ја поседуваше мојата ќерка.Токму преку оваа книга испраќаме силна порака,дека човекот треба лавовски да се бори до последната секунда на овој свет.

,,Мојата ќерка всушност е автор на книгата, а јас како нејзина мајка ја обработив,дополнив со мои записи.Јас сум коавтор на книгата,, Девојчето со лавовско срце” со која одбележувам 10 години откако Симона не е повеќе меѓу нас.Идејата за вакво нешто ја добив читајќи ја книгата ,,Кој ќе плаче кога ќе ме нема” од Робин Шарма.Во оваа книга ќе нурнете во детскиот,средношколскиот и студентскиот живот на ќерка ми,краток живот кој го живееше учејќи а во исто време и пишувајќи.Нејзините белешки ги најдов во нејзините дневници а јас прелистувајќи ги најдов дел од неа.Имаше безброј како да знаела дека прерано ќе замине од овој свет.Сигурна сум дека ќе допре емотивно до сите читатели. ” додава мајката Драгица Стаменкова.

На промоцијата која се одржа во Домот на култура ,,Тошо Арсов” во Виница талентираните Кристијан и Ивана ги интерпретираа омилените песни на Симона меѓу кои нејзината автобиографска – “Кој да ми запее” пред многубројните присутни виничани,писатели,поети,пријатели,роднини,познаници кои не можеа да ги сопрат емоциите.

Инаку ова е трета книга која постхумно мајката Драгица Стаменкова ја издава во чест на својата прерано почината ќерка Симона.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани