Ј. П.,,Охридски Комуналец” на симболичен начин го одбележа Денот на пролетта, а воедно и меѓународниот ден на шумите, со садење на садници на пешачката патека од Студенчишта до Горица
-Се донираа цвеќиња во градинките со цел идните генерации од најмали нозе да стекнат еко-навики и да се запознаат со значењето на природата, чистата животна околина и екологијатаКако јавно претпријатие задолжено за одржување на јавното зеленило на територијата на општина Охрид, активно се залагаме во освојување на нови зелени површини, засадување и одржување на растенија и се надеваме дека засадените млади садници и цвеќиња ќе донесат радост и уживање за сите, изјави диекторот Сашо Најдески.