Стивна пандемијата во струшко.
Само три пациенти со корона вирус се лекуваат во ковид амбулантата во општина Вевчани. Состојбата е стабилна, вирусот веќе не се шири, на подрачјето на селата Лабуништа, Октиси, Татеши, Подгорци и Велешта.
Досега не се регистрирани ниту заболени со британскиот сој на вирусот , кој во моментов е најзастапен во Охрид.
– „Состојбата е стабилизирана епидемиолошки сликата е под контрола. Во моментов во Вевчани имаме тројца активни позитивни во дневната болница во ковид амбулантата а на територијата што ја покриваме се 15 лица“, вели Јован Стојкоски директор на Здравстве Дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани.
Во вевчанскиот регион досега беа лекувани 250 заболени од корона вирусот , најркитично беше во Лабуништа, а смртноста е околу 4 %, доста поголема во однос на нивото во земјава.
– „Голема бројка за нас со голед на капацитетите што ги имаме навистина голема бројка. Тоа е некаде 90% од вкупниот број на пациенти во болницата отпаѓаат на ковид пациентите. Немаме статистички бројки проецентот е некаде околу 4 или 4,5% поголем него на и во на Македонија“, додава Стојкоски.
И во Струга состојбата со корона вирусот е стабилизирана, таму моментално се лекуваат само 15 пациенти. Модуларната болница е веќе подготвена , но таа нема да биде ставена во функција се` додека нема забележителен пораст на заболени со корона вирусот.
Новинар Соња Рилковска
