Селективно уривање на дивоградби во Вевчани , обвинуваат граѓаните.
Од десетина кафулиња во општината решение за отстранување на урбаната опрема добил само еден угостителски локал и тоа ќерката на поранешниот градоначалник.

Тие тврдат дека ги имаат сите потребни документи, проекти и елаборати и се жалат дека се работи за политички реваншизам од страна на локалната. Додека едни добиваат решение за отстранување веднаш до нив се гради нова тераса. Го обвинуваат градоначалникот за грубо кршење на законот.

–„Јас не знам каква е оваа политичка дискриминација ова е политички моноппол. Не мое за едни да важи еден закон за други да важи друг закон во завиосност од тоа за која политичка партија гласале. Вакво ненародно и непринцииелно владеење од страна на градоначалник досега не се случило“, вели Наташа Мурџеска сопственик на угостителски објект.
Првиот човек на општината ги отфрлува обвинувањата, вели градежниот инспектор донел таква одлука. Ќе се уриваат пет тврди градби и пет настрешници, огради, скали и слично. Меѓу нив само еден угостителски локал.

–„По пријава на угостителите од Вевчани беше направена контрола на сите објекти од страна на градежниот инспектор што ја покрива општина Вевчани. Тој направи контрола и заклучок за уривање на само еден објект“ , вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.

Пазарниот инспекторат за состојбата во Вевчани вината ја лоцира во локалната самоуправа, која со години не донела програма за поставување на урбана опрема. Мурџека поднела и иницијатива со 120 потписи од вевчанци до Советот на општината за изработување на детален урбанистички план. За сите угостителски објекти да може легално да работат бидејќи на туристичко Вевчани му се потребни, а истите се важни за локалната економија.
Оштететните најавија дека правдата ќе ја бараат во министерство за транспорт и на суд.
Новинар Соња Рилковска
