Во вторник масовен протест пред Алипашината џамија

Со мирен протест задутре охриѓани ќе го изразат својот револт против незаконската  изградба на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во центарот на Охрид 

-Се повикуваат жителите на Охрид со мирен протестен собир да го изразиме револтот за дивоградбата на Алипашината џамија. Протестот ќе се одржи на 19 март во Вторник во 16 и 30 часот пред Алипашината џамија на потегот од Стариот чинар до скаличињата кај Амамот. За нашиот Охрид до крај!!!, повикуваат од здружението Совест.

Од таму пред неколку дена најавија дека доколку надлежните институции не го спречат нелегалната доградба, охриѓани ќе започнат со протести. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани