Водата од Билјанини извори ппвторно неисправна за пиење.
,, Во интерес на навремено и точно информирање на јавноста и со цел грижа за здравствената состојба на населението, ве известуваме дека денешните (16.05.2019) наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење. Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во континуитет ја следи состојбата со квалитетот на водата од Билјанини извори и навремено ќе ја известува јавноста, стои во соопштението на Центар за јавно здравје Охрид.