Регулацијата на водата нема никаква врска со сеизмичката активност која се случува во регионов.
Водената врска меѓу Преспанското и Охридското Езеро без престан функционира и е независна од сеизимичката активност во регионов, велат научниците.
„Би се воздржал од премногу детални објаснувања, она што приметив во јавноста секој стигна да си каже свое мислење за земјотресите од лаички и митски толкувања и било какви толкувања и би препорачал да се слушаат оние кои се постручни за проблематиката не да се земаат во предвид мислењата на било кој на таа тема. Би препорачал да се слушаат мислењата на експерти на оваа тема, значи дефинитивно не би го поврзал испуштањето на водата со оваа сеизмичка активност“ Д-р.Маријан Темовски – Институтот за нуклеарни истражувања-Дебрецен-Унгаријa.
Темовски додава дека, „Еволуцијата на овој простор е сеуште активна, не може да очекувате дека постојано ќе имате земјотреси во охрид заради еволуцијата на просоторот, имате период во кој се собира таа енергија тој набој и имате период во кој се испушта. Дефинитивно со такви локални моменти не би барал поврзаност“, пишува регионалната ТВМ телевизија.