Се смирува тлото во охридско, ноќеска два слаби потреси

Полека се смирува тлото во охридско Исчезнува и паниката кај граѓаните и туристите. 

 

Ноќеска само два слаби потреси, кои секако се очекувани. Првиот потрес со јачина од 2,3 степени  се случи во 01 18ч. Епицентарот повторно 5 км од Косел. Додека вториот во 03 40ч. со јачина од 2,4 степени. 

Според експертите земјотрси е очекуваат и во следните две недели но поретко и со послаб интензитет. Се очекува да заврши кошмарот на охриѓани, кои 22 денови живеат во страв и паника. Во истиот период во охридско беа регистрирани повеќе од 1200 земјотреси. Најсилниот потрес се случи на 03 јули во 13 часот со јачина од 5 степени по Рихтер. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани