Возачите пребрзо возат

Полициајците „фатиле“ 77 возачи за пребрзо возење.

Вчера во времето од 10 до 16 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 77 возачи на патнички автомобили кои ја пречекориле дозволената брзина на движење : Охрид 14 (06 надвор од населено место и 08 во населено место), Струга-26 (11 надвор и 15 во населено место), Кичево-16 (05 надвор и 11 во населено место), Дебар-21 (15 надвор и 06 во населено место), соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Како што дополни Димоски, во Охрид, со специјално возило „пајак“, подигнати биле 03 патнички возила поради неправилно паркирање на коловоз.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани