Вработените во НП Галичица против промената на директорот

Вработените од НП Галичица преку протест  утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата.

 Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица.

„ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди она што досега не можеше државата, да се покријат трошоците и да се подигне паркот на големо ниво е голем скок. Тоа е човек од кој треба да учат вработените од останатите паркови од земјава како да опстанат националните паркови и како да се зачува природата“, вели Новески во изјава за ТВМ Телевизија. 

Вработените стравуваат дека со смената на досегашниот в.д менаџер на установата ќе биде доведена во прашање меѓународната поддршка на паркот која треба во следните 10 години да ги покрива трошоците во работењето. Потсетуваат дека пред неколу години НП Пелистер загубил 3 милион евра во слична ситуација.


„ Сигурен сум дека со неговата промена ќе биде загрозена апликацијата за првите средства кои треба да влезат од околу 150.000 евра .Луѓето кои донират , по вест акоај ја слушнле во петокот ќе чекаат резултати од разрешницата на случајот“, напоменува Новески.

Најавуваат постапка за преиспитување на владината одлука дали е таа законска. Управниот одбор на НП Галичица требало да се состане во четврток и да се објави конкурс за избор на директор. Според нив одлуката е избрзана, бараат да се испочитува нивното барање во спротивно најавуваат радикализација на протестот.

Владата  пред неколку дена донесе одлука за директор на НП Галичица да биде назначен Васко Паскали. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани