Од денеска времено ќе биде затворена автобуската постојка на „Туристичка“- зграда „Печијаре“.
Поради зголемената фреквенција на сообраќај, а со цел безбеден и проточен сообраќај, од 17 јули времено ќе биде затворена автобуската постојка на бул.“Туристичка“ кај зградата Печијаре. Патниците ќе можат да ја користат автобуската постојката на истиот булевар, кај “Тим Маркет“.
