Расипничкото владеење на Ногачески продолжува.
Како што стои во соопштението на ОО ВМРО ДПМНЕ Охрид „Пред да дојде на власт ветуваше дека ќе ги намали непродуктивните трошења за весници, списанија и огласи меѓутоа ништо од тоа како и за се што вети ништо не направи. Сакаме да ја запознаеме јавноста дека Ногачески и овој пат ги излажал и потрошил невероватни 315.973.00 денари за весници списанија и објавување на огласи во 2018 година што може да се види во жавршната сметка на Општина Дебрца за 2018г.
-Отука сакаме да го запрашаме Ногачески дали со овие средства ги купува порталите за да го фалат замајувајќија јавноста за неговиот неуспех и прикажувајќи го во успех? Дали ваков живот ветувавте пред да дојдете на власт? Затоа за брзо време обновата ќе дојде и во Дебрца, а вие градоначалниче ќе заминете, се вели во соопштението на ОО ВМРО ДПМНЕ Охрид..
