Врвните светски кувари повторно во Охрид

Врвните светски кувари повторно во Охрид . Како дел од гастро проектот „Taste Ohrid 2019“ по втор пат во градот е италијанскиот кувар со мишелин ѕвезда Џорџо Дијана, а за прв пат во градот под Самоиловата тврдина е Андреа Бијаџини,  МТП Мишелин и сопственик на „Food & Lifestyle“.

 

Дијана денеска на  факултетот за туризам и угостелство ќе одржи мастер часови за студентите од гастрономската струкано но и за познати кувари од охридските ресторани. 

Тој на пријавените студенти и претставници од угостителските објекти во Охрид ќе им ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите, спорото готвење, како и важноста на новите техники и методи на готвење во кујната на модерните ресторани и хотели. 

-Денеска и утре ќе имаме часови и ќе го пренесеме нашето искуство на локалните готвачи. Ќе ги инволвираме сите студенти ќе им ја пренесеме нашата пасија кон готвењето и кулинарството а со тоа  ќе  ги мотивираме  да останат во градот Охрид колку што разбрав повеќето заминуваат во странство, истакна Џорџо Дијана. 

Покрај практичните обуки од затворен карактер, љубителите на гастрономијата ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите од славниот готвач и на часовите на отворено кои ќе се одржат во четврток, 23-ти мај, пред хотелот „Su“. Сите домашни и странски гости во Охрид ќе имаат можност во прекрасниот амбиент покрај Охридското езеро да ги вкусат специјалитетите, но и во живо да проследат како тече процесот на подготовка на храната од страна на Мишелин готвачот.

-Ова е придонес во главната цел на Охрид да се развиува во една прилечна туристичка дестинација Треба да имаме спој на традицијата и иднината, потребна и приказна во претставувањето на храната,. Ќе го употребиме она што ни е локално и ќе креираме еден автентичен уникатен производ,  рече Ангела Крстаноска професорка на ФТУ Охрид и иницијатор на проектот. 


Неговиот колега Бијаџини, кој за прв пат е во Охрид вети дка ќе се заложи за туристичка промоција на Охрид во Милано.  Неговото богато искуство во угостителството ќе го пренесе на претставниците од рестораните и хотелите во Охрид преку практичните обуки за маркетингот и неговото влијание врз туризмот, како и вредноста на рестораните во целокупната туристичка понуда на градот.

Мојата цел е да го промовирам Охрид во Италија, да пренесам дека посои едно прекрасно место:. Покрај сите рведности кои ги има градот , култура, историја, гастронмијата ееден од најважните чинители во туризмот. Треба да знаеме дека без добра гастрономска понуда нема туристички напредок, изјава Бијаџини. 

Градоначалникот Константик Георгиески кој како прв човек на градот Охрид ја поддржа оваа манифестација смета дека  на овој начин значително ќе се подобрат состојбите во угостителството. 

Охрид има широка лепеза на угостителски објекти но најголемиот дел од нив на гостите им сервираат стандардни видови  готвена храна.Според туристичкуте експери потребно е значително освежување на охридските менија во согласност со светските трендови кои наметнуваат една нова димензија во кулинарството тогаш ќе се идентификуваат сосопствен печат во готвењето и приготвувањето и сервирањето на храната и приготвувањето на уникатни специјалитети, истакна градоначалникот Константик Георгиески. 

Покрај домашните и странските туристи во Охрид, на овој настан огранизиран од страна на Општина Охрид, ЕДЕН – туристички кластер на југо-западна Македонија и Факултетот за туризам и угостителство, ќе присуствуваат и високи претставници од дипломатскиот кор на Република Македонија.

 новинар Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани