За четири месеци одземени 16 нерегистрирани возила

СВР Охрид за четири месеци одзеде 16 нерегистрирани возила. 

 

Во согласност со донесените законски измени и членот 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради изминат рок на важност на возачки и сообраќајни документи од шест или повеќе месеци, полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот Охрид, во периодот од 26.12.2020 година до 22.04. 2021 година, има одземено 16 возила од кои, 15 за непродолжена важност на сообраќајна дозвола-нерегистрирани подолго од 6 месеци и 1 за проверка на техничка исправност.

Според измените во законот, ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Според новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеници ќе можат веднаш да ги симнат регистарските таблички на возилото и да го отстранат од сообраќај, ако се посомневаат дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена. Законот предвидува и трајно губење на возачката дозвола за возачи кои почесто се јавуваат како сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот или на сообраќајни незгоди со потешки последици, информира портпаролот на Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани