Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 го искоментира поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина.
Според него знаме може да се постави каде било и тоа е дозволено со закон.
-„Нема ништо спорно во албанското знаме на Самоиловата тврдина“, рече Османи.
Лидерот на фолклорната група Ѓерг Прецокај, што го постави знамето заработик казна од 1000 евра и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години, откако го развеа знамето на Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид.
Инаку согласно важечките закони за поставување на знамиња во земјава:
„Во Република Македонија Собранието има донесено закон за употреба на знамињата, државното знаме и знамињата на заедниците. Во него е определено дека на целата територија на Република Македонија во официјална употреба е државното знаме, а покрај државното во единиците на локалната самоуправа каде што покрај Македонците живее и друга заедница која е признаена со Уставот, а претставува најмалку 50% од населението се употребува и знамето на заедницата“.
Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, знамето на Република Македонија мора да биде истакнато заедно со она на заедницата и од него да биде поголемо за една третина. Во член 8 од овој закон е наведено:
„Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.“
Според истиов закон, за прекршителите се предвидени казни во износ од 200 до 2000 евра во денарска противвредност.
